„ТОП 100™ 2024: 15 години достигнувања и документирани успеси“
Стопанската комора на северо-западна Македонија ја одбележа 15-годишнината на најважниот економски настан во земјава и пошироко ТОП 100™, кој веќе стана симбол за достигнувањата и високите стандарди со кои се идентификуваат нашите бизниси.
Овој традиционален настан на СКСЗМ ги пречека некои од најистакнатите имиња во бизнисот, Премиерот и Првиот вицепремиер на Северна Македонија, министри и пратеници, градоначалници, претставници на амбасади, како и претставници на регионални и меѓународни организации и институции.
Претседателот на Стопанската комора на северо-западна Македонија ја истакна важноста на настанот ТОП 100™ и истакна дека овој 15-годишен јубилеј е најголем доказ за растот и развојот на нашите бизниси, а континуитетот на реализацијата на овој проект говори и за институционалниот сериозност на СКСЗМ. Меѓу другото, тој нагласи дека СКСЗМ е единствената која ги наградува компаниите применувајќи принципиелна методологија. Г-дин Qyra истакна дека огромниот раст на Топ 100 компании во текон на овие 15 години е резултат на посветеноста на компаниите, меѓусебната соработка и креативните идеи кои влијаат на одржливоста на бизнисите.
Претседателот на Влада на Република Северна Македонија, г-дин Мицкоски во своето обраќање истакна дека јавниот и приватниот сектор треба да работат заедно, бидејќи само преку соработка можеме да ги оствариме нашите заеднички цели. Премиерот исто така, потенцираше дека амбициите на Владата се јасни – да се изгради економија која ќе биде конкурентна, одржлива и подготвена за иднината, обезбедувајќи стабилност и партнерство со приватниот сектор.
За време на настанот, СКСЗМ додели награди на компании кои значително придонеле за економијата на земјата, оценувајќи го нивниот успех и позитивно влијание. ТОП 5 компаниите на ова издание на ТОП 100™ беа прогласени: Компанија Даути Комерц на прво место, по што следат Пофикс, Бас Тути Фрути, Вардар Доломит и Мега Ауто Партс.
Покрај наградите за ТОП 5 најуспешни компании, Стопанската комора на северо-западна Македонија додели и неколку заслужни награди. Наградата за успешно партнерство ја доби компанијата ЕТМТ Energy, Наградата за корпоративна филантропија е доделена на компанијата Пивара Скопје, додека наградата за инвеститор на годината со над 8 милиони евра инвестиции ја доби компанијата Еуроактива. Во меѓувреме, како комора која ги цени и поддржува жените во бизнисот, наградата за најуспешен бизнис предводен од жена претприемачка и беше доделена на компанијата Градинка YJET. Исто така, СКСЗМ го почести својот член компанијата Амбрела, со наградата за најуспешен модел на враќање од дијаспората во земјава, додека наградата за Топ Извозник со над 7 милиони извезени производи ја доби компанијата Мултипарк Изаири, и за крај, наградата за компанија со најбрз раст во последните три години бе3ше за компанијата Еуровиа.
Во оваа јубилејна година СКСЗМ изрази благодарност и до своите долгогодишни поддржувачи, каде Признание за континуираната поддршка низ годините му беше доделено на компанијата Уника Македонија, како еден од најверните соработници и поддржувачи на Комората, додека компанијата ИНСАЈДЕР ИД беше почестена со Признание за придонесот даден во последните 8 години во изработката на каталогот ТОП 100™.
Деловните податоци за оваа година покажуваат значителен раст, каде што обртот на ТОП 100™ компаниите на СКСЗМ достигна 1,4 милијарди евра, што одразува големо зголемување од 1,1 милијарди евра во споредба со првото издание од 2010 година. Нето добивката која беше 22 милиони евра во ТОП 100 каталог на 2010 година, во текот на 2023 година оваа бројка достигна 100 милиони евра, што претставува пораст од 334%. Додека ТОП 100™ компаниите од 2010 година, кои имале 2.899 вработени, во текот на 2023 година забележаа 9.735 вработени или зголемување од 235%. Инвестициите исто така бележат значителна вредност од 95,6 милиони евра, а извозот достигна 171,3 милиони евра.
На овој 15-годишен јубилеј на TOP 100™, ние ги славиме не само минатите успеси, туку и визијата за економија која цели кон нови и одржливи стандарди за иднината. Ценејќи ги компаниите кои водеа со посветеност и иновативност, СКСЗМ повторно ја потврдува својата заложба за поддршка и зајакнување на бизнисите кои се столб на економскиот раст на земјата. ТОП 100™ останува симбол на нашата заедничка посветеност и платформа за проектирање на економскиот потенцијал на Северна Македонија на ново, поконкурентно и одржливо ниво.