ТИРАНА – Компаниите членки на СКСЗМ со награди за успеси и во Албанија
Претседателот на Стопанската Комора на северо-западна Македонија, г. Меndi Qyra, заедно со Извршниот директор, г. Дурим Зекири, присуствуваа на церемонијата по повод одбележувањето на 128-годишнината од основањето на Стопанската и индустриска комора Тирана. Овој настан беше фокусиран на вреднување и почитување на компаниите кои значително придонесоа за економскиот развој на регионот.
На оваа манифестација, компанијата Инг Лули, еден од долгорочните членови на СКСЗМ, беше награден со признанието „Приказна на успех“, претставувајќи одличен пример за посветеност и професионалност. Во меѓувреме, компанијата Даути Комерц ја доби наградата „Дистрибутер на годината“, со што беше истакната нејзината успешна работа и силното влијание на локалниот, регионалниот пазар, но и пошироко.
На оваа гала церемонија, Претседателот г. Qyra имаше чест да го даде признанието „Најдобра иновација во услугите за клиенти“ на компанијата Concentrix Albania, нагласувајќи ги нејзините напори за подигнување на стандардите за услуги и промовирање на иновациите.
Претседателот Меndi Qyrа имаше чест и да одржи поздравен говор, при што истакна дека албанските бизниси од Северна Македонија се присутни на овој настан организиран во Албанија од страна на Стопанската и индустриска комора на Тирана, сведочејќи за нивниот успех и надвор од границите на Северна Македонија. Тој ја изрази својата подготвеност за продолжување на меѓусебната соработка и во годините што следат.