Средба со Министерот за Економија во просториите на СКСЗМ

Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија реализираше средба со министерот за економија г-дин. Крешник Бектеши и претставници од истото министерство. Овие состаноци станаа традиција, со единствена цел да се зголеми соработката помеѓу државните институции и деловната заедница. На состанокот се дискутираше за точките на Економската платформа за развој на Северна Македонија подготвена од Комората и што може да се постигне со цел да му се помогне на деловниот сектор и уште повеќе да се олеснат тешкотиите со кои се соочува економијата од пандемијата КОВИД 19.Претседателот на СКСЗМ рече дека оваа средба е чест и задоволство. Високо ја цени посветеноста и улогата на креирање политики. На овој состанок беа разгледани многу важни економски и итни столбови за закрепнување на економијата.
Од друга страна, министерот г.дин. Крешник Бектеши рече дека е задоволство што го одржа еден од првите состаноци на новиот мандат со СКСЗМ и ја цени блиската и транспарентна меѓусебна соработка и проценува дека во тој дух ќе продолжи и понатаму.
Комората е водена од основните принципи врз кои ќе се гради меѓусебното разбирање меѓу државните институции и деловната заедница и истовремено високо ја цени меѓусебната соработка.