Средба меѓу СКСЗМ и Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања

Во просториите на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија денеска беше пречекан заменик Претседателот на Владата на Република Северна Македонија г-дин Фатмир Битиќи задолжен за економски прашања како и претставници од неговиот кабинет.

 

На состанокот се разговараше за проектите и економскиот аспект на управување, четвртиот пакет мерки против Ковид-19, како и можната меѓуинституционална соработка помеѓу Комората и владините економски ресори. Г-дин Фатмир Битиќи детално ги презентираше мерките од четвртиот пакет и исто така изрази благодарност до сите Комори во земјата, кои имаа активна улога во составувањето на овој пакет.

 

Претседателот на СКСЗМ, г. Неби Хоџа презентираше и некои точки од Платформата на СКСЗМ за економски развој на земјата како и мерките предложени од Комората за побрзо надминување на пандемијата, поврзани со социо-економските сфери каде реформите се повеќе од неопходни со цел да се овозможи клима за побезбеден развој и закрепнување на економијата на РСМ.

 

СКСЗМ секогаш ќе биде стои близу бизнисите и економијата преку своите активности, лобирање и застапување, како и во одбрана на колективните социјални интереси и своето членство, адресирајќи ги во секое време барањата на бизнис секторот до соодветните институции.