Се реализира обуката ”Дигитален Маркетинг” со компаниите во рамка на Пост Ковид19 програмата

Компаниите дел од пост Ковид-19 трансформативната програма на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, денеска, учествуваа на обука за дигитален маркетинг. Обуката ја одржа Венхар Рамадани, директор на интернет порталот „Телеграфи“ во Северна Македонија, кој на учесниците им пренесе теоретско и практично знаење од дигиталниот свет, како  и потенцијалите и опасностите од комуникација преку алатките на дигиталниот маркетинг. Обуката е дел од Пост Ковид 19 трансформативната програма која ја спроведува СКСЗМ со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

На обуката се говореше и дискутираше за тоа како се креира содржина за интернет страница, како да се презентира секоја компанија преку интернет медиум, како се користат дигитални алатки за подобро презентирање, употреба на социјалните мрежи и важноста од комуникација преку дигиталните технолошки средства со публиката. Во текот на обуката, претставници на СКСЗМ и обучувачот одговараа и на прашања на учесниците за дигиталниот маркетинг и процесот на дигитализацијата преку создавање маркетинг содржина за социјалните медиуми и видео промоција.

Секоја компанија која ќе биде дел од програмата ќе добие сопствена пост Ковид-19 трансформативна програма, односно ќе добие изработка на бизнис план, обуки за продажба, он-лине маркетинг, преговарање, менторство, акционен план и промотивно видео. Компаниите добиваат и бесплатно членство, поточно целосна поддршка за да ги задржат актуелните пазари, да ги прошират своите деловни активности, да отворат нови пазари и да ги зголемат сопствените капацитети за продажба, за промоција и за производство, да создадат нови работни места и да ги зголемат приходите.