Се одржa 1-от состанок на Групацијата за Земјоделство и рурален развој

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија го одржа својот прв состанок со групацијата за Земјоделство и рурален развој во оваа година. Оваа групација вклучува голем број компании кои вршат разни активности во овој сектор.

Земјоделството во Европската унија опфаќа околу 40% од буџетот на Европската Унија и исто претставува една од најважните развојни сегменти на економијата во Република Северна Македонија. Таа учествува во државниот БДП со 11%.

Со правилно функционирање на групациите, Комората  успева да биде што е можно поблиску до компаниите, а од друга страна компаниите да бидат блиску една до друга.