Се одржува III седница на Надзорниот Одбор

На 30 септември 2024 година, во просториите на Стопанската Комора на Северо-западна Македонија се одржа третата редовна седница на Надзорниот Одбор, предводена од нејзиниот Претседател, г. Фатмир Етеми.

За време на состанокот, членовите на Одборот беа информирани за тековната работа на Комората, вклучувајќи ги шестмесечните извештаи, статусот на членството и други оперативни прашања кои се во надлежност на Одборот. На состанокот беше даден сеопфатен преглед на активностите на Комората, со што се осигури дека Одборот е ажуриран и информиран за работата на Комората.

СКСЗМ продолжува да ги спроведува своите иницијативи во целосна согласност со Статутот и годишниот план, затоа оваа седница на Надзорниот Одбор докажува континуираната посветеност на Комората за транспарентност и отчетност во рамките на нејзините раководни структури.