IV-от состанок на Управниот одбор: Се дискутира за извонредниот успех во 2024 година

27.11.2024, Скопје – Во просториите на Стопанска Комора на Северо Западна Македонија, денеска се одржа IV-тиот состанок на Управниот одбор, на кој се дискутираа важни теми за текот на активностите во изминатиот период, како и стратешките планови на Комората за претстојниот период.

Клучна тема на овој состанок беше престижниот настан TOP 100™, кој оваа година го одбележа својот 15-годишен јубилеј. Како најважен економски настан во земјата, TOP 100™ има за цел да ги награди најуспешните компании, а покрај тоа не само што ја поттикнува лојалната конкуренција на пазарот, туку и го промовира успехот на приватниот сектор и неговото значење за економскиот развој на Северна Македонија. Членовите на Управниот одбор ја истакнаа важноста на овој проект за охрабрување на иновациите и конкуренцијата на пазарот.

На средбата се разговараше и за постигнувањето на СКСЗМ во спротивставувањето на Законот за солидарност, за кој Уставниот суд започна постапка за оценување на уставноста на истиот. Комората останува цврста во својот став за укинување на законот, сметајќи го за неправеден и штетен за економијата.

Исто така, беа дискутирани и можностите што ги нуди унгарскиот кредит, наменет за развој на приватниот сектор и општинските проекти. СКСЗМ ќе продолжи внимателно да го следи развојот на процесот и ќе ги информира своите членки за условите и процедурите за аплицирање, со цел овие средства да се претворат во конкретни придобивки за економијата и бизнисите во Северна Македонија.

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија останува посветена да биде силен партнер на компаниите, обезбедувајќи постојана поддршка, транспарентност и моќна платформа за промоција на интересите на приватниот сектор.