Се одржа 1-от состанок на Градежната групација

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија има членки кои се дел од различни дејности. Со цел придобивките на членките на Комората со групирање во соодветните групи да бидат успешни, се одржа Првиот состанок на градежната групација за оваа година.
Во Комората има 10 групации, од кои една е градежната групација каде 16,20% од компаниите се од овој сектор.
СКСЗМ има за цел да стане водечка организација во застапување на интересите на деловните субјекти и создавање погодна средина за развој.