Се одржа средба помеѓу СКСЗМ и Prishtina REA – Во фокусот соработката за поврзување на бизнисите
Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г. Mendi Qyra, оствари средба со Директорот на Prishtina REA, г. Ахмет Јетулаху и г. Блерим Златку, со цел разгледување на можностите за соработка и поврзување на компаниите членки во нивните активности.
За време на состантокот, г. Јетулах ја презентираше работата и претстојните активности на Prishtina REA, потенцирајќи го вклучувањето на меѓународни компании и можностите што им се нудат на претприемачите од регионот. Од друга страна, домаќинот г. Qyra ја изрази подготвеноста на СКСЗМ и на компаниите членки да бидат активен дел од овие важни иницијативи за соработка и економски развој.
На средбата се дискутираше и за регионалниот Б2Б настан – “Balkonnect Festival 2025”, кој се организира од страна на Prishtina REA во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската мрежа на претпријатија (EEN), а кој ќе се одржи на 23-24 мај 2025 година.
Во оваа насока, беше потпишано и Писмо за намери за соработка помеѓу СКСЗМ и Prishtina REA, со цел зајакнување на меѓународните врски, промоција на приватниот сектор, поттикнување на инвестиции и иновации, како и креирање на структуриран и долгорочен пристап кон регионалната економска соработка.
СКСЗМ ги повикува сите заинтересирани компании членки да ја искористат оваа вредна можност за проширување на соработките, креирање на нови професионални мрежи и зајакнување на нивното присуство во атмосфера целосно ориентирана кон претприемништво и иновации.