Се одржа средба помеѓу СКСЗМ и Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во фокус поддршката на агро-индустрискиот сектор
10.02.2025, Скопје – Претседателот на СКСЗМ, г. Mendi Qyra заедно со Извршниот Директор, г. Дурим Зекири, Претседателот на Групацијата за земјоделство и рурален развој, г. Арбен Халили и потпретседателот на Собранието на СКСЗМ, г. Касам Зендели, беа ппречекани на средба од заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Флакрон Беџети, каде што се дискутираше за можностите за соработка меѓу двете страни со цел создавање поповолни услови за бизнисите што оперираат во овој сектор.
Средбата беше фокусирана на адресирање на предизвиците со кои се соочуваат бизнисите од овој сектор и идентификување на конкретни мерки за овозможување одржлив и конкурентен развој.
Претседателот на СКСЗМ, г. Mendi Qyra, потенцираше дека Северна Македонија ги има сите предуслови за развој на конкурентен земјоделски сектор, но се потребни посилни поддржувачки мерки од државните институции за зголемување на инвестициите, модернизација на технологиите и зајакнување на домашните производители. Претставниците на СКСЗМ ја истакнаа потребата од поголема поддршка од институциите преку субвенции и ефективни политики кои ќе го поттикнат производството, преработката и извозот на земјоделските производи.
Членовите на Комората ги изнесоа своите загрижености и предизвици со кои се соочуваат во нивното секојдневно работење, барајќи поддршка од Министерството за нивно решавање. Од своја страна, заменик-министерот Беџети ја потврди подготвеноста на институцијата да разгледа секоја иницијатива предложена од Комората и да работи заедно на решенија кои ќе го олеснат развојот на овој сектор.
СКСЗМ останува посветена на зајакнување на соработката со државните институции, во согласност со Платформата за економски развој на Северна Македонија, каде една од клучните точки е и „Земјоделството со реално влијание врз економијата“.