Се одржа првата седница на Управниот одбор на СКСЗМ за 2025 година
Во просториите на Стопанска Комора на Северо Западна Македонија се одржа првата седница на Управниот Одбор за 2025 година, на која беа дискутирани главните постигнувања на Комората во изминатата година, како и клучните приоритети за понатамошниот развој и напредок на Комората.
На оваа седница беше разгледана ефикасноста на раководните структури на Комората и беа оценети постигнатите успеси во текот на изминатата година, кои сведочат за посветеноста и проактивната улога на СКСЗМ во поддршката на бизнис секторот.
Во текот на 2024 година, СКСЗМ оствари значајни достигнувања, меѓу кои усвојувањето на Националната развојна стратегија и донесувањето на Законот за забрана на нефер трговски практики, со што се заштитува фер конкуренцијата. Исто така, по иницијатива на СКСЗМ беше започнато преиспитувањето на Законот за солидарниот данок пред Уставниот суд, како и придонесот во намалувањето на ДДВ за становите од 18% на 5%.
Понатаму, лобирањето за зголемување на минималната плата и намалување на придонесите останува еден од клучните приоритети, со цел подобрување на условите за работа и зајакнување на конкурентноста на компаниите.
Една од главните точки на оваа седница беше и усвојувањето на Годишниот план на СКСЗМ за 2025 година. По бројни дискусии и предлози, беа дефинирани главните активности планирани за оваа година, со примарна цел зајакнување и унапредување на капацитетите на членките на Комората, како и подобрување на деловното опкружување преку стратешки иницијативи и конкретни проекти.
Посветена на економскиот развој и поддршката на претприемачите, СКСЗМ ќе продолжи да игра клучна улога во унапредувањето на интересите на приватниот сектор и создавањето на поповолна деловна клима.