Се одржа годишниот состанок на Собранието на СКСЗМ
05.10.2024, Скопје – Во просториите на Стопанската комора на северо-западна Македонија се одржа годишниот состанток на Собранието, под раководството на претседателот на Собранието, г. Назми Ејупи. Средбата беше отворена со поздравен говор од претседателот на Комората, г. Mendi Qyra, кој им се заблагодари на членовите за нивниот континуиран придонес, и ја истакна важноста на овој состанок како идеална платформа за дискусија за предизвиците и можностите со кои се среќаваат членовите во бизнис секторот, истакнувајќи ја постојаната определба на Комората истите да ги адресираа стратешки.
За време на својот говор, г. Qyra истакна некои од главните активности спроведени во текот на оваа година, кои помогнаа да се зајакнат бизнисите и да се подобри економската клима во земјата.
Наративните и финансиските извештаи ги презентираше извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зекири, кој даде детален преглед на работата и постигнувањата на Комората во овој период. Членовите на собранието имаа можност да поставуваат прашања, да добијат дополнителни информации за активностите на Комората, како и да дадат свои предлози за следните чекори.
Овој состанок на Собранието послужи и како можност да се разговара за активностите и проектите што ќе се реализираат во иднина, со единствена цел за понатамошна поддршка на бизнисите и унапредување на економскиот развој на земјата.
Соработката и посветеноста на членовите сведочи за посветеноста на СКСЗМ за застапување на интересите на бизнисот и за подобрување на економската клима во државата.