Се оддржа 4-тото изборно собрание на СКСЗМ

Денес во просториите на СКСЗМ се оддржа 4-тото Изборно собрание. Главните точки на ова Собрание беа: верификувањето на мандатите на новите членови на собранието, изборот на Претседател и Потпретседател на Собранието, како и изборот на Претседател и нови тела на Комората.

СКСЗМ покажува дека секогаш го води својот пат според својата визија, мисија и стратегија. СКСЗМ секогаш ќе има за цел да стане водечка организација во застапување на деловните интереси и создавање на средина погодна за развој, како и организирање, унапредување, заштита и промовирање на деловните интереси дома и во странство, заедно со предизвиците на глобалната конкуренција, и ќе работи на создавање на нова стратегија што ќе им биде од корист на компаниите за време на нивното работење, што ќе влијае на целокупната економска благосостојба.

Како нов претседател на СКСЗМ, г. Неби Хоџа, истакна: „Сведоци сме дека компаните во малите економии се екстремно изложени на надворешните влијанија што произлегуваат од пречки и тешкотии што ги спречуваат бизнисите да ги извршат деловните активности. Покрај напредувањето во изминатите години, не треба да се запираат чекорите на Комората кон заедничкиот пат за развој на локалните бизниси “.