Се намалува цената на даночната стапка во зоната на Визбегово
СКСЗМ отсекогаш била и ќе биде клучен двигател за обезбедување на најдобри услови за водење бизнис. Една од стратешките определби на СКСЗМ е правилното спроведување на законите како предуслов за владеење на правото. Ние како Комора секогаш се стремиме да ја подобриме соработката меѓу државните институции и пред се условите за водење бизнис.
Неправедно извршување на законите имавме во зоната на Визбеговп, зона која била дискриминирана и покрај тоа што според податоците знаеме дека оваа зона претставува голем потенцијал за економски развој, бидејќи вреди да се напомене: оваа зона генерира обрт од над 340 милиони евра, со нето добивка од над 22 милиони евра, со вработени лица од над 2600 и просечен тренд на раст на обрт од 7% на годишно ниво, и учествува со 3,4% во БДП во последните години . Но даночната стапка од 35 евра беше голем проблем.
Со големиот број на иницијативи на СКСЗМ, овој данок денеска се намали од 35 евра на 1,18 евра.
Затоа апелираме во најкус можен рок да ги обединиме податоците според моделот на општините со сличности Општина Чучер Сандево (Чојли, Илинден, Бутел, Карпош).
СКСЗМ прави и ќе продолжи да прави и да ги штити интересите на бизнисите, ќе продолжи да се појавува како лидер во застапување то на деловните интереси и создавање на соодветно опкружување за водење бизнис.