СКСЗМ ја проширува глобалната соработка

Во просториите на СКСЗМ беше пречекана делегација од Кина, кои се дел од општинското биро за трговија во Пекинг. Целта на состанокот беше да се обезбедат можности за соработка и проширување на компаниите членки на СКСЗМ надвор од регионалните граници. Исто така, пред нив беше презантирана мисијата и визијата на Комората, нејзините групации и нејзината стратегија која предвидува унапредување на претприемништвото, како и регионализација или интернационализација на бизнисите.

Беше претставен и Меѓународниот Саем за трговија на услуги, кој ќе се одржи во Кина, од 28.05-01.06.2020 година и претставува одлична можност за компаниите членки на СКСЗМ да се прошират на глобалните пазари.

На оваа средба, извршниот директор на СКСЗМ, г. Дрилон Исени, потпиша меморандум за соработка со г. Sun Yao – Заменик директор на Канцеларијата на Организациониот одбор на Меѓународен саем во Кина за трговија и услуги.