СКСЗМ ја пречека и ВМРО-ДПМНЕ. Во фокус локалниот економски развој

24.09.2021 – СКСЗМ го дочека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г.Христијан Мицкоски и други високи претставници на партијата во склоп на состаноците во кои се претставуваа платформата за локален економски развој пред политичките субјекти.
Претседателот на СКСЗМ г. Неби Хоџа во овој состанок потенцираше дека борбата против корупцијата, владеењето на правото но и други елементи како што се инфраструктурата, институционалните реформи, транспарентност и отчетност итн., се клучни за овозможување на услови преку кои ќе се поттикне економски развој.

Истотака г.Неби Хоџа истакна дека очекува политичките партии да рефлектираат врз платформата на СКСЗМ, бидејќи консултацијата со бизнис заедницата е најдобро решение за идентификување и решење на проблемите кои бизнисот и економијата се соочува. Хоџа додаде дека локалните избори се вистинската шанса политичките партии да докажаат дека се за соработка со бизнисот со цел постигнување генерален економски успех за граѓаните и земјата воопшто.
Од страна на ВМРО, г. Мицкоски се изрази дека нивната платформа со оваа на СКСЗМ се слични и дека двете платформи целат кон подобрување на животот на граѓаните. Истотака Тој истакна дека се посветени кон ефикасно и одговорно работење и дека СКСЗМ претставува партнер за соработка во иднината.

СКСЗМ не го прекинува своето присуство таму каде што треба да се брани интересот на бизнис заедницата, и овој состанок е дел од таа иницијатива.