СКСЗМ ја представува Економската Платформа пред ДПА

04.03.2020, Скопје – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија продолжува со средбите со политичките партии во овој предизборен период и овој пат се одржа работна средба со политичката партија ДПА, предводена од г. Мендух Тачи.

Овие состаноци се реализираат со цел да се представи Економската Платформа на СКСЗМ, која содржи проблеми, политики, приоритетните мерки кои ќе придонесат во економскиот развој во целина, за рамномерениот регионален развој во     Република Северна Македонија и многу стратешки аспекти кој се дел од бизнис и економската сфера.

Платформата на СКСЗМ е изградена врз основните принципи врз кои ќе се гради меѓусебно разбирање помеѓу владејачката партија и деловната заедница. Принципи што вреди да се напоменат се: транспарентност и одговорност, намалување на нерамномерниот регионален економски развој, намалување на невработеноста, создавање долгорочна стратегија за одржлив економски раст и раст на БДП над 4% во текот на следните четири години.

СКСЗМ е призната како институција со визија и проактивен пристап, и како таква денес, на 4 март 2020 година, ја претстави својата платформа пред Aлбанската Демократска Партија, адресирајќи ги главните проблеми со кои се соочува нашето општество економски и социјално.

СКСЗМ 15 години се труди да ја поддржи бизнис заедницата и да биде на служба на членството, со што станува релевнтен фактор во поддршката на бизнисот и создавање на релевантни државни политики.

Претседателот на СКСЗМ г-дин. Неби Хоџа потенцираше дека платформата за развој на Северна Македонија соджи мерки и приоритети потребни  кои треба да се воведат во политичките програми на политичките партии кои ќе бидаат во власт.

Од друга страна, претседателот на ДПА г-дин.Мендух Тачи потенцира дека е чест и привилегија да биде за прв пат во средба со СКСЗМ и дека тие мерки ќе се разгледаат од соодветниот одел на политичката партијата.