СКСЗМ ја представува Еконмската Платформа пред Алтернатива
17.02.2020, Скопје – Политичката партија Алтернатива беше пречекана во просториите на СКСЗМ од домаќинот г-дин Неби Хоџа. Tрадицијата на средбите меѓу СКСЗМ и политичките партии продолжува и во овој период. Поврзано со актуелните економски случувања во земјата, СКСЗМ секогаш подготвува и платформа за економски развој на Република Северна Македонија, која содржи 93 мерки, поделени во 9 важни области. Некои од овие области се и: партнерството на стопанските комори со Владата, реформите во државните и јавни институции, стабилен бизнис сектор за развој на бизнисот, квалитетна работна сила и други.
СКСЗМ отсекогаш ги има поставено главните теми на кои им треба веднаш внимание и тие се: доделување посебен статус на зоната Визбегово; изградба на автопатот Скопје-Блаце, изградба на царинскиот терминал во Јажинце, реализација на секундарна мрежа за природен гас во Северо-Западна Македонија и низа други мерки кои ќе влијаат врз целокупниот економски развој како и на подобрени услови за водење бизнис. Истотака, друга атрактивна тема за која СКСЗМ секогаш алудира е и развојот на зимскиот и летен туризам во Попова Шапка со светски и европски страндарди.
Г-дин Неби Хоџа рече дека овие состаноци се од особено значење, за да се дискутира за проблемите со кои се соочува бизнис секторот. Соработката помеѓу бизнисите и владата треба да се подигне на повисоко ниво за што СКСЗМ потпиша Договор за јавно-приватен дијалог со Владата.
Г-дин Африм Гаши рече дека станува збор за конструктивна средба помеѓу СКСЗМ и Алтернативна партија, барањата на СКСЗМ во платформата за економски развој на Република Северна Македонија ги имаат сите точки слични на политичката програма на Алтернатива. и заедно со нашиот коалициски партнер ќе ги испитаме и ќе соработуваме тесно и ефикасно со СКСЗМ.
СКСЗМ е секогаш конструктивна во своите барања кон политичките партии и секогаш ќе придонесува за подобрување на деловната клима во земјата.