СКСЗМ учесник во Macedonia 2025 Summit

Претседателот на СКСЗМ г.Неби Хоџа е учесник и панелист на Самитот Macedonia 2025 на тема: “Можности за финансирање за МСП”.

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија секогаш ги подржува малите и средните претпријатија (МСП), бидејќи тие претставуваат значаен и витален дел на економијата во нашата земја. Доколку истите сакаат да останат конкурентни како на внатрешниот така и на меѓународниот пазар тие мора постојано да се надградуваат, растат, го зголемуваат бројот на вработени, го зголемуваат својот опсег на производи и услуги, пазарите, а со тоа да остваруваат и поголем профит. За да се достигне тоа, сите важни чинители треба да воведуваат мерки за поддршка на МСП со цел, претпријатијата да можат да го достигнат нивниот потенцијал во секторот на кој ја вршат дејноста.

СКСЗМ и во нејзината стратегија предвидува подобар пристап до финансии, промовирање на претприемништвото, иноваците, конкурентност, социјална одговорност на компанијата и регионализација на деловните активности.