СКСЗМ учесник во конференцијата: „Синергија на партнерите во обезбедување пазарно – ориентирано стручно образование и обука“

Скопје, 08.07.2021

Денес извршниот Директор на СКСЗМ г-дин Дриљон Исени, беше дел од панел дискусијата во конференцијата на тема: „Синергија на партнерите во обезбедување пазарно – ориентирано стручно образование и обука“.
На овој панел беа дискутирани важни прашања во врска со работната сила и нивната квалификација, како и дуалното и стручното образование.
Исени за време на својот говор, истакна дека прво мора да имаме реална слика за постојниот и потенцијалниот кадар. Ова може да се дефинира преку спроведување на пописот на населението, но и со преквалификација на постојниот кадар, што би резултирало со задржување на кадрите во нашата земја.
Тој додаде дека работната сила на нашата земја ги пополнува празнините во Германија и Швајцарија и паралелно со тоа имаме негативна стапка на наталитет што значи дека нашата економија брзо старее.
Затоа, СКСЗМ во својата стратегија ги дефинираше како стратешка определба човечките ресурси како столб за економски развој, врз основа на кои создава и прилагодува многу свои активности со цел да се создадат најдобри можни услови за работа на работната сила, зголемувајќи го нивниот квалитет, конкурентност и зголемување на животниот стандард.