СКСЗМ, успешно го заврши овогодинешното издание на анкетата „ИГК“

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија и оваа година успешно го заврши реализирањето на анкетата за Глобалниот индекс за конкурентност. Како институционален партнер на Светскиот економски форум, СКСЗМ веќе 5 години е активна во реализацијата на овој извештај со глобална важност, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија меѓу 141 други земји во светот. За разлика од другите години, оваа година сме задолжени и за Република Косово, каде што заедно со Бизнис Комората на Косово, го завршивме заедно истражувањето и Косово. Се Овогодинешниот извештај за Индексот на глобалната конкурентност се очекува да биде објавен во втората половина на декември 2021.