СКСЗМ со нови предлог мерки за Владата
31.03.2020, Скопје – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) како институција која ги заштитува интересите на компаниите членки, високо ја цени поддршката на државните институции и е секогаш насочена кон градење на партнерски однос со истите заради создавање на подобри услови за водење бизнис и обезбедување на економски раст и развој на државата.
За мерење на директниот ефект на пандемијата КОВИД-19 врз економијата и бизнисот, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија спроведе истражување со бизнисите од земјата за да се добие реална слика за состојбата создадена од овој вирус.
Врз основа на одговорите на самите бизниси на оваа анкета, СКСЗМ дојде до заклучоци за неколку предизвици со кои се соочуваат бизнисите деновиве.
Истражувањето открива многу појави кои имаат влијание врз бизнисите, почнувајќи од тоа како се одвива деловната дејност за време на пандемијата, 27% од испитаниците одговорија дека нивната дејност се одвива нормално за разлика од претходниот период, 33.3% имаат одговорено дека работат со скратено работно време, додека 31.7% одговорија дека работат со редуциран капацитет, овие факти укажуваат на ризикот со кој се соочуваат бизнисите за време на нивното работење.
Исто така, незадоволителни одговори произлегуваат и од прашањето во врска со промената на бројот на вработените. 52.9% одговорија дека моментално нема промена, но 29.4% тврдат дека имаат направено редуцирање на бројот на вработени, додека 17.7% тврдат дека ако не добијат помош од државата ќе бидат приморани да го намалат бројот на вработените.
Истражувањето покажува дека економските мерки од Владата за бизнисите и економијата генерално не се соодветни. Исто така, значителен број сметаат дека нема да ги користат овие мерки и субвенции за обновување на бизнисот.
Од испитаните компании, 57.1% сметаат дека овие мерки нема да им помогнат на бизнисите. 25.4% одговориле дека мерките се делумно соодветни, додека тие што сметат дека мерките се соодветни се 6.3%. По однос на примената, 38.1% сметаат дека овие мерки не се применуваат врз нивните дејности, додека 23.8% одговориле дека нема да ги користат овие мерки.
Со оглед на фактот дека бизнисите се оштетуваат и дека сегашните владини мерки воопшто не им помагаат, секогаш имајќи го во предвид јавниот интерес, т.е. јавното здравje, СКСЗМ предлага итни мерки кои ќе им помогнат на економијата и бизнисот да бидат ликвидни во оваа фаза на кризата. Предложените мерки од страна на СКСЗМ ќе обезбедат зачувување на работните места, што претставува заеднички интерес на земјата и на бизнисите, ќе ги намалат оперативните трошоци на компаниите, ќе им помогнат на компаниите да добијат нови заеми за исплаќање на обврските од трети страни и исто така ќе се обезбеди потрошувачка, што претставува основа на државната економија.
Имајќи ја во предвид итноста на ситуацијата, СКСЗМ ги предлага следниве мерки:
- Да се вратат со приоритет државните долгови кон приватните компании, бидејќи ликвидноста на компаниите се доведува во опасност во овој кризен период;
- Враќањето на ДДВ приоритетно да го опфати производителните и извозно-ориентирани компании;
- Укинување на аконтација за данокот на добивка, бидејќи 2020-та година ќе биде година на загуба за повеќето компании;
- Производите кои Владата ги смета за неопходни за граѓаните и се увезуваат, да имаат 0% царинска стапка, бидејќи набавната цена на овие производи е покачена, додека компаниите имаат ограничување по однос на продажната цена;
- Субвенционирање на плати на работниците со минимална просечна вредност од 20.000 денари нето;
- 0-0,30% каматна стапка за нови кредити што ќе им требаат на компаниите од комерцијалните банки во земјата. Евентуално, оваа стапка да биде покриена од државата, односно Владата;
- Кредити со минимални каматни стапки и поедноставена постапка за одобрување за компании кои имаат развојни проекти.
Според СКСЗМ , спроведувањето на овие мерки треба да се води од овие начела:
- Мерките да се применуваат со приоритет во најбрз можен рок;
- Да се поддржат сите компании и мерките да ги опфатат сите индустрии, бидејќи сите подеднакво се засегнати од ситуацијата;
- Поддршката за субвенционирање на платите треба да трае најмалку 3 месеци;
- Кредитите со 0% каматна стапка треба да имаат минимум грејс период од 6 месеци;
- Политичките партии да не ја користат кризата на COVID19 за политички поени.