СКСЗМ се одржа првиот состанок на претседателството на Групацијата за градежништво, урбанизам, животна средина и енергетика
16 април 2021, петок, се одржа првиот состанок на претседателството на Групацијата за градежништво, урбанизам, животна средина и енергетика, на кој се избра и претседателот на горенаведената групација, г. Салим Хасани од компанијата Модинг Конструкшн. Потпретседател на групацијата се избра г. Ибиш Незири од компанијата Гротекс Градба.
СКСЗМ им обрнува внимание на групациите кои се дел од сите економски сектори, кои претставуваат извор на информации од кои се генерираат ставови за разни прашања поврзани со тие сектори.