СКСЗМ, сега веќе и регионален партнер на Светскиот Економски Форум

 

Извршната канцеларија на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, по неколку месечни преговори со високите претставници на Светскиот Економски Форум,постигнаа спогодба, со која Република Косово ќе биде вклучена во подготвувањето на извештајот “Глобален индекс на конкурентност”.
По успешното четиригодишно партнерство со Светскиот Економски Форум, на СКСЗМ и е доверено и вклучувањето на Република Косово во овој многу важен економски извештај за деловната клима на вклучените земји, извештај кој ќе се спроведува преку стратешкиот партнер на СКСЗМ, Бизнис комората на Косово.
Извештајот на Глобалниот индекс на конкурентност ја проценува способноста на земјите да обезбедат задоволителни нивоа на просперитет за бизнисите и нивните граѓани, во однос со реалните потреби на тие земји. Ова се прави преку мерење на ефикасноста на искористување на расположивите ресурси на таа земја, како и со мерење на ефикасноста на институциите, политиките и факторите кои играат важна улога во утврдувањето на економската одржливост и просперитетот на таа земја.
Досега, 141 земји се дел од овој извештај, но со вклучувањето на Република Косово, во овој важен глобален економски извештај ќе има уште едно дополнително место.