СКСЗМ присутна на одбележувањето на VIII годишнината на Универзитетот „Мајка Тереза“, Скопје
Раководство на СКСЗМ учествуваше на церемонијата по повод одбележувањето на 8-годишнината од основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“. На овој значаен настан присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, владата, универзитетскиот кадар и бизнис заедницата.
Ректорот на УМТ, г. Зеќири, меѓу другото, истакна дека ја цени континуираната поддршка од страна на бизнисите, посебно нагласувајќи го придонесот на членките на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија за подигнувањето и модернизација на универзитетските простории.
Раководство на СКСЗМ упатува најискрени честитки до Универзитетот „Мајка Тереза“ за извонредните постигнувања во изминатите 8 години и посакува уште поголеми успеси во понатамошниот академски и институционален развој, со надеж дека целиот даден придонес ќе се врати како инвестиција во општеството во годините што следат.