СКСЗМ пречека претставници од косовската стопанска комора

Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија високо ја цени сооработката со регионалните комори, денес се одржа состанок со претставниците на косовската стопанска комора.

Во духот на досегашната соработка имаме чест да разговараме за заеднички активности за помагање на деловниот сектор особено во пандемискиот и пост-ковидниот период, иницијативите за отстранување на царинските бариери и олеснување на движењето на компаниите.

Соработката меѓу соседните земји е основа за постигнување сила на регионалниот и европскиот пазар, бидејќи земјите со мал пазар  се чувствителни, па затоа меѓурегионалната соработка е начин за надминување на бариерите.