СКСЗМ пречека на состанок претставници на Јавното претпријатие за државни патишта – се дискутираше за капитални инфраструктурни проекти
Денес во просториите на СКСЗМ беа пречекани претставници на Јавното претпријатие за државни патишта на чело со директорот на претпријатието г. Ејуп Рустеми, каде беа пречекани од претседателот на СКСЗМ, г. Неби Хоџа и други високи претставници на Комората.
На оваа средба беа разгледани важни стратешки теми за економски развој на земјата поврзани со инфраструктурата, меѓу кои беа и Пан-европскиот коридор 8, автопатот Скопје – Блаце, патната инфраструктура во Полошкиот регион во насока на граничната точка со Република Косово, Јажинце, како и многу други прашања од инфраструктурата и дејноста што ја врши оваа институција.
СКСЗМ секогаш ќе ги застапува интересите на бизнис заедницата и ќе придонесе за создавање погодна средина за водење бизнис.