Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ потпиша Меморандум за сооработка со Министерството за економија

СКСЗМ потпиша Меморандум за сооработка со Министерството за економија

СКСЗМ потпиша Меморандум за сооработка со Министерството за економија

Денеска Стопанската Комора На Северо-Западна Македонија и Министерството за Eкономија потпишаа меморандум за соработка. Целта на овој меморандум е продлабочување на меѓусебните односи меѓу Министерството за економија и Комората, размена на информации навремено и најбрзо решавање на проблемите со кои се соочува деловниот сектор.
Претседателот на СКСЗМ истакна дека високо ја цени соработката и преку овој меморандум Комората ќе назначи одговорно лице кое ќе ја претставува Комората и да биде во тек со промените и проблемите на деловниот сектор и ќе се најдат решенија.
Од друга страна, г. Крешник Бектеши рече: дека Комората и Министерството за економија отсекогаш имале соработка, но преку овој меморандум таа е документирана. Министерот верува дека со капацитетите и анализата што ги има Комората, оваа соработка ќе им помогне понатаму.
Во моментов минуваме низ тежок период, каде се соочуваме со економска и здравствена криза, деловниот сектор трпи последици и СКСЗМ верува дека преку овој меморандум ќе можеме да ја ублажиме оваа загуба и да работиме максимално за долгорочни мерки преку кој деловниот сектор ќе го надмине овој предизвик и истовремено и другите предизвици со кои се соочува преку насочење на барањата на деловниот сектор до соодветните институции.