СКСЗМ потпиша меморандум за разбирање, зголемување на трговијата со Украина

Денеска се потпиша меморандум за разбирање помеѓу СКСЗМ и Советот на извозници и инвеститори при Министерството за надворешни работи на Украина. Потпишувањето на меморандумот се реализира во склоп на онлине средбата меѓу Стопанските комори на РСМ и горенаведениот совет, каде присутни беа амбасадорите на двете држави, претставници од Стопанските комори на РСМ и од Стопанската Комора за Индустрија на Украина. Се дискутираше и за економскиот потенцијал и можностите за зголемување на трговската соработка меѓу двете земји, каде во својот говор г. Дриљон Исени истакна дека нашата држава има неискористен потенцијал во однос на користењето на земјоделскиот простор и неискористениот потенцијал на невработената работна сила.
На крајот од оваа средба, г. Дриљон Исени, како претставник на СКСЗМ, исто така потпиша меморандум за разбирање со горенаведените страни, меморандум кој ќе важи за период од три години со можност за негово продолжување.