СКСЗМ потпиша Меморандум за соработка со Бизнис Клубот Германија – Северна Македонија (DNBC)
Берлин, 03.10.2024 – Во духот на соработката и зајакнувањето на економските односи, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и Бизнис Клубот Германија – Северна Македонија (DNBC)) потпишаа меморандум за соработка, со цел развој и продлабочување на партнерствата меѓу бизнисите на двете земји.
Меморандумот има за цел создавање нови можности за инвестиции, зголемување на трговската размена и зајакнување на различни економски сектори. Двете страни се обврзуваат да ги промовираат заедничките иницијативи за размена на информации, експертиза и ресурси за поттикнување на растот на бизнисите. Меморандумот, исто така, ќе служи за истражување на можностите за заеднички проекти кои ќе донесат придобивки за членовите на двете институции, а истовремено олеснувајќи ги можностите за вмрежување и нови бизнис поврзувања.
Оваа иницијатива е одраз на посветеноста на СКСЗМ за поддршка на развојот на нејзините членови, преку создавање мостови на соработка со меѓународни партнери и придонесувајќи за подобрување на позицијата на бизнисите од Северна Македонија на странските пазари.