СКСЗМ подржува проекти на албанскиот магнат, г. Сахит Муја
Денес во просториите на СКСЗМ за посета беше и една позната личност од меѓународниот бизнис, сопственик на Albanian Minerals г. Сахит Муја, и на овој состанок се дискутираше за еконосмакта перспектива на земјата, можностите за инвестиции и еконосмкиот потенциал на РСМ. Компанијата на г. Сахит Муја Albanian Minerals, поседува најголемите резерви на Магнезиум во светот, и е компанија која има голем број пројекти што се однесува на секторот на минералите, пројекти во кои е опфатена и нашата земја. СКСЗМ, на овој состанок понуди соработки и поддршка за Albanian Minerals, нудејќи информации од домашниот пазар како и поврзување со компаниите членки на СКСЗМ, за овозможување полесен оперативен аспект за горенаведената компанија. Гостите беа причекани од извршниот директор на СКСЗМ г. Дриљон Исени и Дурим Зекири кој е должен за анализи и истражувања во комората. Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија секогаш лобира за интересот на домашниот бизнис и економија, придонесувајќи кон странски инвестиции нудејќи секаков вид поддршка за сите логистички и управни постапки.