СКСЗМ оствари средба со директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Во фокусот на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, и промоција на извозот

19.09.2024 година, Скопје – Извршниот директор на Стопанската Комора на Северо Западна Македонија, г. Зеќири, заедно со членката на Управниот одбор, г-ѓа Ќаније Селими, оствари средба со новоименуваниот директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, г-дин Рефик Џемаили.

Главен фокус на средбата беше создавањето на нови соработки, особено во стратешките сектори кои можат да поддржат одржлив економски раст. Друга значајна тема беше Законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде што беше потенцирана потребата од преиспитување и ревидирање на некои негови делови.

Г-дин Зеќири му честиташе на г. Џемаили на новата позиција, нагласувајќи дека СКСЗМ била и останува важен партнер во креирањето на политиките кои го промовираат економскиот развој на државата и дека преку тесна соработка со релевантните институции и приватниот сектор, Комората придонела за изградба на поповолна средина за бизнисите и инвеститорите.

Исто така, г. Зеќири ја изрази подготвеноста на СКСЗМ да го продолжи и продлабочи ова партнерство и заеднички да работиме на остварување на заедничките цели на двете страни.

Од друга страна, г-дин Џемаили рече дека промоцијата на извозот останува клучен приоритет за економскиот раст и дека се посветени на зголемување на извозниот капацитет на земјата преку промоција на странски инвестиции и подобрување на инфраструктурата. Но, тој нагласи и дека институционалната соработка останува загрижувачко прашање кое бара посебно внимание за да се подобри координацијата и да се создаде поповолен амбиент за инвеститорите.

Стопанската Комора на Северо Западна Македонија, како столб на секој бизнис, е отворена за соработка со сите релевантни институции за подобрување на економското опкружување и обезбедување одржлив развој на државата.