Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ одржа состанок со Invest North Macedonia

СКСЗМ одржа состанок со Invest North Macedonia

СКСЗМ одржа состанок со Invest North Macedonia

СКСЗМ одржа состанок со делегација од Инвест Северна Македонија, предводена од директорот г. Арбен Вила.

Инвест Северна Македонија е официјална владина агенција за инвестирање и унапредување на извозот, одговорна за привлекување странски инвестиции и поддршка за промоција на извозот за Република Северна Македонија.

Целта на состанокот беше да се претстави мисијата на оваа агенција пред компаниите-членки на СКСЗМ и истите да се поттикнат и да бидат поддржани во правењето нови инвестиции како и воспоставувањето на понатамошната соработка.

СКСЗМ секогаш ќе поддржува директни странски инвестиции во земјата за да помогне во воспоставување и зајакнување на соработката на повеќе бизниси со локалните добавувачи и промовирање на потенцијалот за извоз на локалните компании на странски пазари.

2