СКСЗМ одржа инфо-сесија за јавниот повик – „600.000 евра грант од ИПАРД за микро и мали бизниси, мерка 7“

30.09.2024 година, Скопје – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во рамките на информативните услуги, односно информации за пристап до финансии, одржа инфо-сесија за информирање на членовите за јавниот повик. Инфо-сесијата имаше за цел да ги информира и помогне компаниите-членки за можностите што ги нуди повикот за грант од 600.000 евра од ИПАРД Програмата, конкретно во рамките на Мерката 7.

Учесниците имаат можност да се информираат за тоа што опфаќа повикот, критериумите за аплицирање, техничките процедури и потребната документација во корист на грантот, кои сектори ги опфаќа повикот, како и соодветните места каде може да се реализира инвестицијата. Грантот може да се искористи за набавка на нови машини и опрема за производство и преработка, за покривање на трошоците за изградба или реновирање на капацитети во кои се одвива производството, но и други.

Консултантот г. Илин Николовски од компанијата ДСИ Моментум Солутионс детално ги објасни чекорите што треба да се следат за да се обезбеди успешна апликација и предложи практични упатства за максимизирање на финансиските можности што ги нуди овој грант.

Исто така, имаше отворена дискусија помеѓу учесниците и консултантот, на која претставниците на компаниите членки поставуваа прашања, со што овој интерактивен сегмент беше профитабилен за компаниите членки што се однесува на техничките аспекти на оваа програма.

СКСЗМ продолжува да биде сигурен партнер за своите членови, обезбедувајќи поддршка и насоки за добивање грантови, како и за развој и раст на микро и малите бизниси во Северна Македонија, но не само.