СКСЗМ на средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Од министерството се изразија оптимизими и подготвеноси да го поддржи претприемништвото во решавањето на потешкотиите
Делегацијата на СКСЗМ предводена од г-дин Неби Хоџа денес одржа состанок со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Северна Македонија. На состанокот присуствуваше и претседателот на економскиот форум, г. Нагиб Фејзи.
Г-дин Неби Хоџа рече дека членките на СКСЗМ секогаш изразуваат подготвеност за соработка со државните институции, давајќи свои предлози и идеи за надминување на тешкотиите што се јавуваат при водење деловни активности.
Г-дин. Фејзи пренесе некои од проблемите што ги засегаат приватните претпријатија кои работат во регионот, потенцирајќи ги пречките со кои се соочуваат компаниите од Албанија и Косово за извоз во Северна Македонија (главно производи од животинско потекло). Од министерството се изразија оптимизими и подготвеноси да го поддржи претприемништвото во решавањето на потешкотиите
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, како институција што ги штити интересите на компаниите-членки, високо ја цени поддршката на државните институции и секогаш е насочена кон градење партнерства со државните институции за создавање подобри услови за деловната заедница и обезбедување развој и економски раст во државата.