СКСЗМ на средба со заменик министерот за одбрана – Можностите на деловниот сектор со членство во НАТО
Делегацијата на СКСЗМ составена и претседателот г-дин. Неби Хоџа се состана со заменик министерот за одбрана Башким Хасани, на разговор за можностите за соработка и можностите што ги нуди членството во НАТО за деловниот сектор.
Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија, како институција што ги штити интересите на компаниите членки, високо ја цени поддршката на државните институции и секогаш е насочена кон градење партнерства со државните институции за создавање подобри услови за деловната заедница и обезбедување економски развој и раст во државата.