СКСЗМ на средба со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство

Групацијата за земјоделство и рурален развој во рамките на СКСЗМ, иницираше средба со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Арјанит Хоџа. Во оваа насока, СКСЗМ е длабоко посветена и заинтересирана за проширување на соработката со сите претставници на институциите во земјата што можат директно или индиректно да придонесат за подобрување на деловната клима во земјата.

Земјоделскиот сектор има значајно место во целокупната економија во земјата. Групацијата и презентираше на Министерството конкретни барања и предлози кои беа формулирани од компаниите-членки на Комората, дел од овој сектор.

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија изразува длабок интерес за соработка и заедничка посветеност за да се има реална слика за земјоделскиот сектор, кој не претставува само извор на безбедност на храна, туку пред се како сектор за водење бизнис и создавање на додадена вредност на локалните производи.