СКСЗМ на работна средба со Министерот за Економија

Делегацијата на СКСЗМ составена од Претседателот г-дин. Неби Хоџа со потпретседатели и член од Управниот Одбор, одржаа состанок со Министерот за Економија г-дин Крешник Бектеши, за да се дискутира за меморандумот за сооработка, проблемите на компаниите со парафискалните давачки, царинските тарифи и други прашања од интерес за деловниот сектор.

Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија, како институција што ги штити интересите на компаниите членки, високо ја цени поддршката на државните институции и секогаш е насочена кон градење партнерства со државните институции за создавање подобри услови за деловната заедница и обезбедување економски развој и раст во државата.