СКСЗМ на официјална средба со Управата за јавни приходи: Стратешки реформи за подобрување на фискалните политики и поддршка на локалните бизниси

25.10.2024, Скопје – Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ), г. Мendi Qyra, заедно со Извршниот Директор, г. Дурим Зекири, и членот на Управниот одбор на СКСЗМ, г. Сами Морина, одржаа официјална средба со Управата за Јавни Приходи, каде што беа пречекани од Директорката на оваа институција, г-ѓа Елена Петрова.

Оваа средба се реализираше во рамките на активностите предвидени во годишниот план, со цел да се адресираат барањата и поплаките на членството на комората во однос на нивната соработка со оваа многу важна институција.

Во текот на дискусијата, претседателот Qyra зборуваше за многу теми кои ги засегаат бизнисите генерално, особено проблемите со кои се соочуваат компаниите при реинвестирањето на добивката, сивата економија и борбата против истата, и други теми. На оваа средба се разговараше за наоѓање решенија за овие феномени и проблеми, со цел да се помогнат бизнисите во остварувањето на нивните права, посебно преку зголемување на капацитетите на соодветните институции, со што тие би им служеле на бизнисите поефикасно.

Исто така, беа разгледани и клучни прашања за развој на поддржувачки фискални политики за приватниот сектор и за подобрување на деловната клима. Дискусиите вклучија создавање олеснувања за домашните компании, со цел да се поттикне економски раст и развој.

Во разговорот се вклучи и г. Сами Морина, кој ги изрази загриженостите за доцнењето на повратот на ДДВ, што значително го отежнува ликвидитетот на компаниите, и предложи во иднина да се разгледа можноста за враќање на истиот при увозот на производи или услуги, со цел да не се задржуваат ликвидните средства на компаниите.

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и Управата за Jавни Приходи имаат заедничка цел – борба против неформалната економија, со намера да се намали овој феномен и да се создаде потранспарентна и фер средина за домашните компании.

СКСЗМ останува посветена на зајакнување на соработката со клучните институции, продолжувајќи да дејствува активно за обезбедување на поповолни услови за одржлив развој на приватниот сектор во Северна Македонија.