СКСЗМ назначува лице одговорно за поврзување на деловниот сектор со Министерството за Економија
Денес Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и Министерството за Економија ја официјализираат меѓусебната соработка во рамките на Меморандумот за соработка потпишан на 30.11.2020 година. Целта на овој меморандум е соработката да биде во функција на координирана акција за потребите и интересите на деловната заедница. Сите членки на Комората и други компании потенцијални членки на СКСЗМ можат да ги достават сите барања, забелешки и предлози до овластеното лице кое ќе ги соопшти до Министерството и ќе се постигне побрзо решение. Исто така, со ова сооработка ќе имаме побрз и полесен пристап до информации. Назначувано лице за поврзување на овие две институции е подпрецедателот на СКСЗМ г-дин.Ејуп Абдулахи. СКСЗМ продолжува да работи во интерес на бизнис заедницата, работејќи за креирање на подобра клима за водење бизнис.