СКСЗМ започнува со реализација на програмата за трансформација на компаниите во новата реалност

Во овие тешки услови на пандемија, кога сите компании, без оглед на нивната активност и големина, имаат потешкотии во извршувањето на своите активности, СКСЗМ во рамките на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, ја нуди програмата за трансформација на компаниите наречена пост-КОВИД19.

Од денес започна реализацијата на оваа програма, со тоа што се оддржа првиот координативен онлајн состанок со претставници на 15 компании кои ќе учествуваат во оваа програма.

За време на оваа средба, извршниот директор г-дин Дриљон Исени ги запозна компаниите со работата на комората и исто така даде повеќе детали за реализација на целата програма. Истовремено, компаниите ги изразија своите очекувања од оваа програма со која очекуваат полесно да ја надминат кризата, да ги надрагадат своите капацитети, да бидат промовирани и истовремено да создадат нови соработки со другите компании-членки на Комората.

СКСЗМ од своето основање постојано е синоним за заштита на интересите на деловната заедница во нашата земја.