СКСЗМ е почестена со јубилејна плакета од Црвениот крст по повод 80-годишнината од неговото основање

Претседателот на Стопанската комора на северо-западна Македонија, г. Меndi Qyra, присуствуваше на свечениот настан организиран по повод 80-годишнината од основањето на Црвениот крст на Северна Македонија.

Во рамки на овој настан, СКСЗМ беше почестена со јубилејна плакета, како знак на благодарност за поддршката и значајниот придонес што го дава во реализирањето на хуманитарните иницијативи на организацијата. Ваквите настани претставуваат можност за рефлексија врз значењето на тесната соработка меѓу институциите и организациите кои придонесуваат во поддршката на општеството и за истакнување на успесите постигнати во текот на овој долг период.

Овој јубилеј ја ја истакна важноста на продолжувањето на силните партнерства и заедничката посветеност за справување со предизвиците што ги носат потребите на нашите граѓани.

Стопанската комора на северо-западна Македонија ќе продолжи да го поддржува Црвениот крст и неговите хуманитарни иницијативи за еднакво општество.