СКСЗМ го пречека на состанок г-дин Оливер Спасовски
Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија секогаш ги застапува бизнисите и секогаш се обидува нивните барања да ги реши.
СКСЗМ ја цени високо соработката со државните институции, во овој случај со Владата, каде што денеска во просториите на СКСЗМ, беше пречекан техничкиот Премиер на Република Северна Македонија г-дин Оливер Спасовски , и целта на оваа средба беше да се продолжи комуникацијата и соработката меѓу државните институции и бизнис секторот.
На оваа средба се дискутираше за повеќе прашања, како што се: инфраструктурата, изградба на патишта, грантови за компаниите и слично.
СКСЗМ има за цел да стане водечка организација во застапување на деловните интереси на компаниите, како и создавање поволно опкружување за развој, кој развој може да се постигне во сооработка со државните институции.