СКСЗМ го посети комплексот Скопје Еаст Гејт

Дел од членовите на Управниот Одбор на СКСЗМ, предводени од претседателот г. Неби Хоџа денеска го посетија комплексот Скопје Еаст Гејт. Оваа е инвестиција е вредна околу 350 милиони евра, која истовремено ќе создаде над 2.000 нови работни места.

Концептот Скопје Ист Гејт е прв во регионот и истовремено е претставен како добра деловна можност што ќе ја зајакне трговијата и ќе го обедини регионот и пошироко.

СКСЗМ ги поддржува инвестициите направени од нејзините членки, кои истовремено ќе помогнат за економскиот развој во земјата.