СКСЗМ го организираше првиот виртуелен регионален саем
Денес, вторник, 28 јули 2020 година, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во соработка со Бизнис комората на Косово, Стопанската комора за трговија и индустрија на Тирана и Албанскиот економски форум, го организираше и водеше првиот виртуелен регионален саем од ваков вид , во кој повеќе од 60 компании ги презентираа своите производи и услуги.
Целта на овој виртуелен саем беше да се промовираат бизнисите од Северна Македонија, Косово и Албанија и потенцијално во иднина да се иницираат соработки помеѓу компаниите од овие земји и пошироко.
Г-динот Неби Хоџа како домаќин, претседател на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, го имаше и првиот говор и истакна дека албанските бизниси во регионот се многу важни не само во однос на локалната економија, туку дека и тие силно влијаат на целокупната регионална економска стабилност.
Исто така и претседателите на горенаведените комори го честитаа овој настан, имајќи предвид дека истиот се одржува дури и во овие тешки услови на пандемија. Тие, исто така, посебен акцент дадоа на локалните производи и унапредување на регионалната соработка со цел промовирање, развој и зголемување на производствените компании.
СКСЗМ во соработка со институционалните партнери успешно го реализира овој Регионален виртуелен саем, докажувајќи уште еднаш дека е секогаш подготвена да им служи на бизнисите и покрај вонредната состојба создадена од пандемијата „Ковид 19“.
Оваа активност СКСЗМ ја спроведува во рамките на Проектот УСАИД за развој на деловниот екосистем, зголемувајќи ги можностите за деловни соработки во регионот и пошироко.