СКСЗМ го одржа своето Годишно собрание
21 октомври 2020 година – Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија го одржа своето Годишно собрание во хотелот New Star. Со годишното собрание заседаваше претседателот на Собранието, г-дин Мендерес Кучи, додека учесниците ги поздрави претседателот на СКСЗМ, г-дин. Неби Хоџа.
Во ова Собрание, се направија статутарни измени, каде се предвидуваат можностите за спроведување на седниците на Собранието на СКСЗМ он-лине, што ќе помогне во зголемување на ефикасноста на органите на Комората за време на пандемијата.
Во оваа седница на годишното собрание беа избрани новите структури за следниот мандат, каде за прв пат во структурите на СКСЗМ покрај новите потпретседатели г-дин Салим Хасани од компанијата Модинг, г-дин. Ејуп Абдулаи од компанијата Флуиди-М, г-дин Арсим Папранику од компанијата Нептун, дел е и г-ѓа. Влора Адеми, претставничка на Групацијата на Бизнис Жени во СКСЗМ, од компанијата Digicube. СКСЗМ ги поддржува стопанствениците низ целата земја, со посебен акцент за женското претприемништво и младите претприемачи.
СКСЗМ како институција е основана за да го поддржува и да му на служи деловниот сектор, со тоа што својата работа ја темели врз својата мисија и визија.
СКСЗМ ги организира, штити интересите и ги промовира бизнисите дома и во странство и покрај предизвиците на глобалната конкуренција, со цел да стане водечка организација во застапување на интересите на бизнисите и создавање погодна средина за развој.