СКСЗМ ги прогласи ТОП 100 најуспешните компании за 2018-та година

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ги објави ТОП 100 најуспешните компании во Македонија. Овој настан е претворен во традиција и се реализира по деветти пат и го прави изборот на најуспешните компании во 2018 година кои имаат постигнато успех врз основа на пет клучни индикатори, како што се: годишнио приход, нето-добивката, бројот на вработени, инвестиции и ROE (поврат на капитал).

Првата награда ја доби команијата Вардар Доломит, втората награда ја доби компанијата Алма-М, третата награда ја доби Киппер Маркет, четврата награда Нептун и петтата награда ја доби компанијата Даути Комерц.

Наградата за најбрз раст во последните три години ја доби компанијата Гајрет од Струга, наградата за успешен бизнис предводен од жена отиде во рацете на компанијата Уника Лајф додека Global Markets Award ја доби компанијата Слајс.