СКСЗМ ги поддржува инвестициските и развојните проекти

По повод поставувањето на камен-темелникот на новата инвестиција на компанијата Lear и Normak Investment Group во ТИРЗ Тетово, во својот говор претседателот на СКСЗМ г. Неби Хоџа, им честиташе на претставниците на компаниите за успехот и посветеноста докажана во текот на овие години, истакнувајќи ја нивната важност во борбата против невработеноста и економскиот развој, особено во Полошкиот регион.
СКСЗМ отсекогаш ги поддржува инвестициските и развојните проекти, а присуството на претседателот Неби Хоџа на овој настан, беше само доказ за односот на комората кон овие проекти.