СКСЗМ ги поддржува бизнисите за нивна регионализација
Претседателот на СКСЗМ г.Неби Хоџа, е учесник на Конференцијата на високо ниво за реформи во инспекциите во Западен Балкан според стандардите на Европската унија, која се одржува во Тирана. На конференцијата учествуваат високи меѓународни претставници, министри, бизнисмени, претставници на институции од различни земји.
СКСЗМ и во својата стратегија како фокус го има промовирањето и поддршката на деловните активности во нивната регионализација и интернационализација. Со оглед на фактот дека деловните активности во регионот се ограничени на внатрешните пазари, регионализацијата е неопходност за претпријатијата што работат во регионот. Регионализацијата е клучен столб во патот на претпријатието и на бизнисот во целина, што доведува до модернизација на деловните процеси и бројни иновации, бидејќи регионот исто така ги има за цел европските и глобалните граници.
„СКСЗМ секогаш инсистира на слободно движење на стоки, бидејќи компаниите во нашите земји имаат голем производствен капацитет. Доколку имаат можност да извезуваат што е можно поевтино, во исто време тие помагаат за подобрување на економијата во пошироката сфера“. – нагласи г.Хоџа.